Младите ракометари на Еурофарм Пелистер попладнево го чека голем предизвик во првото издание на младинската Лига на шампиони.
Битолскиот тим ќе игра во финалниот меч од четвртата квалификациска група против домаќинот на турнири Динамо Букурешти.
Доколку пелистерци успеат да го совладаат Динамо, ќе се пласираат на завршниот „фајнал-фор“. Потсеување дека вчера во полуфинале, Еурофарм Пелситер беше подобар од полскиот Келце со 37-29, а Динамо славеше над Висла Плоцк со 31-28.
Мечот што ќе се игра во салата „Поливалента“ ќе почне од 18 часот
А, како и во сениорската лига, така и во младинската, најдобрите четири за трофејот ќе се борат во Келн на 14 и 15 јуни.
Таму веќе место обезбедија шпанската Барселона и унгарскиот Веспрем кои беа домаќини на првиот и третиот квалификациски турнири.