Младинската репрезентација на Македонија, во позитивна и победничка атмосфера ќе го чека стартот на Европското првенство. Селекцијата на ракометари до 20 години, со четири победи го заврши подготвителниот период.

Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ по два пати беа подобри од врсниците од Грција и Словачка.

На гостувањата кај Словаците македонските младинци славеа убедливи победи со 29-17 во првиот и  30-25 во вториот натпревар.

Селекторот Стојановиќ на овие средби ги направи последните проверки пред да реши со кој тим ќе патува на Европското во Словенија.

Таму пак Македонија ќе игра во А групата против Црна Гора, Хрватска и Австрија редоследно. Континенталниот шампионат започнува на во среда – 10 јуни.

Потсетување дека оваа репрезентација предводена од селекторот Радослав Стојановиќ, минатото лето настапи на СП за ракометари до 19 години и го освои 9-тото место.