Младата ракометна репрезентација на Македонија од 18 години, забележа нова победа на Европскиот шампионат во Белград.
Во дуелот за разигрување за пласманот 9 до 16 место, македонските кадети славеа над Фарските острови со 34-32.
Уште од самиот старт избраниците на селекторот Горан Кузмановски ја наметнаа својата игра. Од минута во минута ја зголемуваа предноста, а најголемата изнесуваше 6 голови. На полувреме македонските кадети заминаа со +5 (13-18).
Во второто полувреме нашите млади надежи во три наврати имаа и седум голови предности, а тогаш дојде до опуштање во играта. Противникот стигнаа и до израмнување 24-24. Сепак со трите врзани голови во низа, македонските кадети повторно се одлепија резултатски. Таквата предност успеа да ја сочуваат до крајот и да се израдуваат на третата победа на шампионатот.
Со овој триумф и дефинитивно, младата кадетска репрезентација на Македонија, избори настап на следното Светско првенство.
































