Машката македонска кадетска репрезентација, по успешниот настап на Европскиот шампионат во Белград, се врати во Скопје.

По освоеното 9 место, денес македонските кадети беа пречекани во Ракометната федерација на Македонија.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за постигнатиот резултат. Тој ја истакна борбеноста и залагањето во текот на целиот шампионат, и им посака успех во понатамошниот развој и во следните репрезентативни предизвици.

Оваа генерација го заврши Европското првенство на 9. место, а воедно обезбеди и пласман на Светското првенство за кадети во 2027 година.