Познати се осумте селекции кои ќе се борат за последните четири места на машкиот олимпискиот кошаркарски турнир во Париз.

На четирите квалификациски турнири денеска на програмата се финалните натпревари, по кои ќе ги знаеме сите 16 репрезентации кои ќе играат на ОИ. На задоволство на организаторите на овие турнири, сите четири земи домаќини ќе играат во финалните натпревари.

Дербито ќе се игра на Пиреја каде домашната Грција ќе ја има улогата на фаворит против Хрватска.

И Шпанија е во иста ситуација на турнирот во Валенсија каде „црвената фурија“ ќе игра против Бахами.

Финалните натпревари ќе почнат во Рига, каде Летонија ќе се обиде да ја искористи поддршката од публиката против Бразилците.

Во последниот меч во Сан Хуан, Порторико иако игра пред домашната публика сепак е аутсајдер против Литванија.

Олимписки игри – Квалификации (финале)
Рига

18.00 Бразил – Летонија
Пиреја
20.00 Грција – Хрватска
Валенсија
20.30 Шпанија – Бахами
Сан Хуан
24.00 Порторико – Литванија

Кошаркарскиот олимписки турнир во Париз е од 26 јули до 11 август.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА