Полека привршува Европското првенство за ракометари до 18 години што се одржува во Белград.
На македонската кадетска репрезентација и остануваат уште два натпревари во разигрувањето од 9 до 12 место.
Избраниците на селекторот Горан Кузмановски веќе ги остварија целите, опстанок во елитната европска конкуренција и пласман на Светското првенство. Сепак, нашите надежи сега сакаат што подобро пласирани да го завршат шампионатот. Трите врзани победи едно по друго, им даваат за право да се надеваат дека ќе бидат веднаш зад четвртфиналистите, во конечниот поредок.
За да се оствари и таа цел, односно да завршат како деветти, тие ќе треба да забележат победи на следните два меча.
Првиот е денешниот против Португалија од 12 часот. Победникот од овој дуел ќе игра со подобриот од мечот Австрија – Израел за пласман на 9.место, а поразените за 11-тото.

































