Кадетската машка репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, денеска игра нов натпревар на Европскиот шампионат.

Македонските кадети веќе изборија место меѓу 16-те најдобри на првенството, а со тоа и повторно учество во елитната европска конкуренција.

Сега, избраниците на селекторот Горан Кузмановски ги чекаат нови три натпревари во разигрувањето од 9 до 16 место. Во нив потребна е барем една победа со која ќе се избори пласман на следниот кадетски Мундијал, односно светското првенство.

Првата шанса е селекцијата на Фарските острови против која македонските кадети ќе играат денеска точно на пладне (12 часот).