Франческо Бања, триумфираше во деветта трка од сезоната во Мото ГП шампионатот. Актуелниот шампион победи на германското Град-при. Италијанецот дојде до победата откако неговиот голем ривал Хорхе Мартин излета од патеката на почетокот на претпоследниот круг.

Бањаја ја забележа четвртата победа во низа на Заксенринг, а шеста сезонава. Со тоа Бањаја најдобриот возач на Дукати со најмногу триумфи во историјата (24), претекнувајќи го Кејси Стонер.

Бранителот на титулата целта ја мина со речиси четири секунди предност пред рекордерот по број на победи на „Захсенринг“ Марк Маркез. Половина секунда понатаму беше помладиот од браќата Алекс Маркез.

По ваквиот расплет, Бањаја го презема водството во Генералниот поредок пред летната пауза, а сега има 222 бода или 10 повеќе од Мартин.