По воведниот период со тренинзи во Струмица, македонските одбојкари ќе патуваат во Романија на два контролни натпревара во пресрет на Европската златна лига. Поточно, првиот ќе биде заеднички тренинг, а вториот меч што ќе им послужи на двата селектора да ја тестираат формата на националните состави. Во македонскиот ќе бидат 13-мина играчи, а селекторот Хари Наковски нема да може да смета на двајца сигурни кандидати за настап во следните средби со натпреварувачки карактер.

Лука Костиќ е повреден и нема да патува за Романија, а од тимот ќе отсуствуваа и Дарко Ангеловски, кој се уште нема нов пасош.

Тоа значи дека на позиција либеро, покрај Костадин Ричлиев, ќе игра Ангел Бошков, а на примачи ќе имаме две три опции: Владо Милев, Стојан Илиев и Тоше Ефремов. Сите други се стандардни, со напомена дека Александар Љафтов ќе ја пропушти Европската златна лига и ќе се приклучи на подготовките за августовските квалификации за Европското првенство 2026. Во персонална смисла, свежување за оваа акција се Михајло Мирасчиев и Стојче Арсов.

Македонија утре ќе патува и ќе одржи еден тренинг, а контролите со Романците се закажани за петок и за сабота.

СЕ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ НАСТАПИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ

Состав за пријателските со Романија:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)
Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)
Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)
Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)
Либера: Костадин Ричлиев (Штип УГД), Ангел Бошков (Работнички 47&72)

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Естонија
19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка
25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
26.06.2024 (Беверен, 15.00): МАКЕДОНИЈА – Белгија
31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска
01.06.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Шпанија

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2025 Грузија – МАКЕДОНИЈА
24/25.08.2025 МАКЕДОНИЈА – Грција