Македонскиот првак, Штип УГД, на 21 октомври ќе дебитира во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите и тоа на гостински терен. Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги потврди термините на натпреварите во првата квалификациска рунда.

Штип УГД, кој лани дебитираше во европските клупски купови, сезонава ќе има премиера во Лигата на шампионите. Штипјани немаа среќа при ждрепката и за противник го добија холандскиот тим Орион Старс.

Првиот меч македонскиот шампион го играат на гости, на 21 октомври, во 20 часот, во „Топспортхал“ во Дутинхем, Холандија. Реваншот е на домашен терен во новата салата „Џексон“, во Штип, на 28 октомври во 18 часот.

Победникот од овој двомеч ќе продолжи во 2.коло од квалификациите каде го чека словенечки АЦХ Волеј од Љубљана. Поразениот тим, пак, продолжува во второто по квалитет европско клупско натпреварување, ЦЕВ купот, но е слободен во првото коло и оди директно во 1/16 рундата.

Следете нé на социјалните мрежи