Металург Автокоманда во 23 коло од женската Супер лига во дербито на колото го пречека тимот на Вардар. Екипата на Вардар го доби дербито со Металург Автокоманда со 30:23.

Вардарки влегоа мотивирано на натпреварот и уште на почетокот успеаја да поведат со 4:0. Гостите со серија 3-0 во 13-тата минута поведоа со +6 (10:4). Иако Металург Автокоманда во неколку обиди проба да ја намали негативата но, вардарки не дозволија и само ја одржуваа предноста. Гостинската екипа во 24-тата минута ја зголеми предноста на 17:9. На пауза тие заминаа со 17:11.

Во втората половина Металург се обиде да ја намали негативата па во 40-тата минута намалија на 16:18. Но, Вардар не им дозволи да израмнат и со серија 3-0 поведе со 21:18. Црвено-црните беа незапирливи само ја зголемуваа предноста. Тие со серија 5-1 успеаја повторно да поведат со +7 (19:26). До крајот тие само ја одржуваа оваа предност. Крајниот резултат беше 30:23.

Најефикасна од Вардар беше капитенот Ивона Трпевска со седум погодоци, додека од Металург Гулицоска Теодора даде осум гола.

Ивона Кимовска