Ништо подобро, од останатите македонски репрезентации на Медитеранските игри, не поминуваат ниту одбојкарките. Иако на овие игри Македонија настапува сениорската селекција, сепак и таа не знае за победа.
На поразите од Турција и Косово, македонските одбојкарки денеска го додадоа и поразот од Грција.
По голема борба првиот сет го добија нашите одбојкарки со 25-22. Во вториот противничките беа далеку посигурни и го решија во своја полза со 13-25 . И следните два им припаднаа на грчките одбојкарки со 07-25 и 17-25 за конечни 1:3 во сетови.
За Грција ова беше четврта победа во исто толку меча, во кои го загуби првиот сет досега на турнирот.
Македонските одбојкарки пак, последната шанса барем за еден триумф, ќе ја бараат во дуелот со Тунис закажан за утре.



































