Македонската машка одбојкарска репрезентација на Македонија се подготвува за своето четврто, последователно, учество на Европското првенство.
Во финалната фаза од подготовките избраниците на селекторот Јошко Миленковски ќе одигра три контролни натпревари.
Бугарскиот суперлигаш Берое од Стара Загора ќе биде спаринг партнер на сениорите од 1 до 4 септември. Дуелите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во договор меѓу тренерите ќе биде дефинирано дали средбите ќе бидат од отворен или затворен карактер.
Берое играше во плеј-офот од бугарската Суперлига ланската сезона, а имаше и историски настап во европскиот Челинџ куп. Натпреварите со екипата од Стара Загора за македонските репрезентативци ќе биде одлична можност за последна проверка на формата во пресрет на настапот на ЕвроВолеј во Софија, Бугарија.
на шампионатот ќе се одржува во четири земји ( Италија, Финска, Бугарија и Романија), Македонија ќе биде во софиската А група. Во неа за противници нашите одбојкари редоследно ќе ги имаат селекциите на: Бугарија, Украина, Полска, Португалија и Израел.

































