Екипата на Вардар во 19 коло од женската Супер лига го пречека тимот на Астибо. Вардарки без проблем го совладаа Астибо со 51:25.

Вардарки уште на почетокот во 4-тата минута поведоа со 5:1. Гостите се обидоа да израмнат но, домаќините не дозволија и само ја зголемуваа предноста. Црвено-црните во 20-та минута поведоа со +10 (18:8). На полувреме домаќините заминаа со 27:12.

Втората половина беше само формалност со оглед на предноста што ја создаде Вардар во првата половина. Домашната екипа беше незапирлива па во 39-тата минута поведе со 34:15. Астибо немаше никакви шанси само можеше да ја намали негативата. Но, Вардар не дозволи и само ја зголемиуваше предноста на 45:23. Крајниот резултат беше 51:25.

Најдобар стрелец од победничката екипа беше Бојана Коцева со 14 гола, додека од Астибо Марија Анчева постигна 16 погодоци.

Ивона Кимовска