Манчестер Сити убедливо го совлада Лутон со 5:1 на својот „Етихад“ и изби на првото место на табелата во англиската Премиер лига.

По само 66 секунди игра „граѓаните“ дојдоа до водство од 1:0. Даики Хашиока се обиде да го изблокира ударот на Ерлинг Халанд, но топката заврши во мрежата на Лутон.

Сити ја имаше целосната иницијатива уште од самиот старт и вршеше опсада пред голот на гостите, но сепак за 2:0 се чекаше неполни 62 минути.

Имено, Матео Ковачиќ прекрасно ја зафати топката на Хулијан Алварез и со волеј-удар од работ на шестнаесетникот биеше за 2:0 во 64-тата минута.

Ерлинг Халанд од белата точка зголеми на 3:0 во 76-тата минута и се веќе изгледаше готово за овој натпревар. Но, Рос Баркли ја искористи грешката во одбраната на домаќинот и постигна почесен погодок за Лутон во 81-та минута.

Избраниците на Пеп Гвардиола решија да ја поправат својата гол разлика до крајот на натпреварот и во 87-та и 93-тата минута со головите на Џереми Доку и Јошко Гвардиол, Сити дојде до 5:1 со што го постави и конечниот резултат.

Манчестер Сити сега е на првата позиција со 73 бодови, два повеќе од Арсенал и Ливерпул, кои имаат натпревар помалку.