Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Србинот во четвртфиналето го совлада Австралиецот, Алекс де Минаур, 11-ти на АТП листата со 2:0.

Дуелот траеше два часа и пет минути, а Ѓоковиќ го доби со 7:5 и 6:4 по сетови.

Новак за пласман во финалето ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Норвежанецот, Каспер Руд (10-ти АТП) и Французинот, Хуго Амбер (15-ти АТП листа).