Младата женска одбојкарска репрезентација на Македонија (У18) го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2024-та. Македонските одбојкарки попладнево се поразени од врсничките од Холандија со максимална 0:3 во сетови.

Холанѓанките својата супериорност ја најавија во раната фаза на мечот. Брзо поведоа со двоцифрена предност (12-2), која ја одржува и зголемија на крајот на првиот сет (25-11). Во вториот сет македонските младинки беа рамноправи до (7-8). Противничките потоа освоија седум поени во низа и веќе имаа убедлива предност (7-15). Го решија и тој сет во своја полза младите Холанѓанки со 25-14. Во последниот трет сет македонските одбојкарки одиграа најдобро освоија 20 поени, но тоа не беше доволно да се избегне поразот конечни 0:3 во сетови.

Ова беше натпревар од 2.коло на Б групата чиј домаќин е Врњачка Бања, на кој вечерва играат Србија и Чешка.

Селекцијата на Чешка ќе биде следниот, последен, противник на Македонија во мечот закажан за утре (сабота) од 16 часот.