Женската тениска репрезентација на Македонија денеска игра против Хрватска во 2,коло на „!А“ групата од втората Евро-африканска зона на „Били Џин Кинг“ купот.

По првиот меч, Македонија губи со 0:1. Магдалена Стоилковска беше поразена во два сета од Леа Бошковиќ со 5-7 и 2-6, во мечот што траеше част и 22.минути.

Уште на стартот на првиот сет Хрватската направи брејк. Стоилковска се врати во игра откако возврати во осмиот за израмнување на 4-4. Сепак, Магдалена го загуби својот сервис во 11-тиот гем, а противничката го доби својот следен за вподство од 1:0 (7-6).

Во вториот сет Хрватската која далеку подобро рангирана од нашата тенисерка (214-та Бошковиќ, 1.127-ма Стоилковска) го потврди двојот квалитет. Бошковиќ направи три брејка, па сетот го доби со убедливи 6-2, а мечот со 2:0

Во вториот „сингл“ меч, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (219-та на ВТА листата), ќе игра против 21-годишната Антонија Ружиќ (210-та)