Кошаркарите на МЗТ Скопје ги очекува тешка задача на паток кон целта, враќање во АБА1 лигата.  Првата пречка во разигрувањето, е тимот на Широки Бријег.

Најдобриот кошаркар на аеродромци, Војдан Стојановски смета дека мора да се одигра квалитетно во двата правци доколку сино-белите сакаат успех во двомечот.

„Плејофот е посебно натпреварувајте во кое сѐ е можно. Добро го познаваме тимот на Широки. Знаеме дека треба да играме цврсто и агресивно во двата правци од теренот. Ако го сториме тоа и заедно со големата поддршка од нашите верни навивачи, која сигурен сум дека нема да изостане, тогаш може да се надеваме на триумф“, изјави Војдан Стојановски.

Првиот четвртфинален дуел МЗТ Скопје и Широки ќе го играа вечерва во „Јане Сандански“ ќе почне во 20 часот.