Второ рангираниот тенисер на светот, Карлос Алкараз не успеа ада се пласира во ТОП-4 на Мастерс турнирот во Мајами.

Шпанецот елиминиран во четвртфиналната рунда од бугарскиот тенисер Григор Димитров.

12-тиот тенисер на АТП листата одигра фантастичен меч, во кој Алкараз не се снајде и не успеа да парира. Димитров го доби мечот во два сета со 6-2 и 6-4 и се избори за полуфинале.

Во него Бугаринот, ќе игра против Александар Зверев. Германецот исто така одигра два сета во четвртфиналето против пријатното изненадување во Мајами, Фабијан Марошан. Зверев го доби мечот со 6:3 и 7:5.

Полуфиналниот дуел меѓу Димитров и Зверев на програмата е ноќеска точно на полноќ. Претходно (20 часот) во дуел за финалето ќе се борат Јаник Сине и Данил Медведев финалистите од Австралија опен. Трофејот од лани во Мајами го брани Русинот, Медведев.