Со одигрувањето на полуфиналните мечеви, познати се двете тенисерки што ќе се борат за трофејот на Мастерс турнирот во Мајами. Тоа се Елена Рибакина и Даниеле Колинс.

Казахстанската тенисерка Рибакина одигра тежок меч во полуфиналето со Викторија Азаренка од Белорусија. Во дуелот што траеше два часа и 35 минути, Рибакина славеше со 2:1. Првиот сет Казахстанката го доби 6:4, а во вториот не освои ниту еден гем (0:6). Третиот сет се играше час и 15 минути, а нити една од тенисерките не успеа да направо брејк. Но, во тај-брејкот Рибакина имаше повеќе концентрација и го доби со 7:2 на поени.

Така четврто рангираната светска тенисерка се избори за финалето во кое за противничка ќе ја има домашната тенисерка Дниеле Колинс.

Американката која е дури 53-та на ВТА листата, славеше убедливо над Русинката, Екатерина Александрова. Колинс за само 77.минути ги доби двата сета со 6-3 и 6-2.

Финалниот меч дамите ќе го играат утре (сабота) од 17.30 часот.