Во НБА лигата ноќеска се одиграа само два натпревари. Екипата на Атланта по втор пат за три дена го совлада Бостон. Откако пред само три дена надополнија голема негатива „Хокс“ синоќа славеа над „Селтикс“ со 123:122 и тоа по продолжение.

Во дуелот во кој двата тима постојано се менуваа во водство, Богдан Богдановиќ со тројка, на 27 секунди до крајот, им донесе израмнување на Хокс (112:112). Во продолжението, сите 11 поени на Аталанта ги постигна Дежонте Мареј , а победничкиот кош го постигна на 0,1 секунда пред истекот на времето.

Мареј постигна рекордни за него 44 поени, а имаше и по седум скока и асистенции, додека Богдановиќ додаде 24 поени, 7 скока и пет асистенции.

Кај „Селтикси“ најдобар беше Џејсон Тејтум со 31 поен и 13 скока, а Дерик Вајт додаде 22 поени.

Њу Орлеанс пак му го нанесе вториот пораз на Милвоки кој пред два дена загуби од ЛА Лејкерс по продолжение. „Пеликанс“ до шестата победа на последните осум натпревари стигнаа со конечни 107-100.

Зајон Вилијамсон ги предводеше домаќините до победата со 28 поени и пет скока, Си Џеј МекКолум постигна 25 поени на кои додаде по седум скока и седум асистенции.

Јанис Антетокунмпо со 35 поени и 14 скока беше најдобар кај „Бакс“, а Малик Бисли и Демијан Лилард додадоа по 20 поени.