На АТП мастерсот во Мајами познат е првиот пар за полуфиналето во машка конкуренција. Финалистите од Австралија опен, Данил Медведев и Јаник Синер ќе се борат за големото финале на турнирот во САД.

Ова откако Рускиот тенисер, Медведев во четвртфиналето го совлада Чилеанецот, Николас Јари во два сета, а Италијанецот, Синер беше подобар од Чехот, Томас Мачак.

На Руинот му беа потребни 102.минути да го совлада Чилеанецот со 6:2 и 7:6(7). Шампионот од Мелбурн, Синер мина девет минути пократко на теренот во триумфот над Мачак со 6-4 и 6-2.

Така утре од 18 часот, Медведев и Синер ќе играат во реприза на првиот Гренд слем годинава, кој му припадна на Италијанецот. Потсетување дека Русинот е оној што го брани трофејот во Мајами од минатата година.

Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од четвртфиналните мечеви, Алкараз – Димитров и Зверев – Марошан. Тие натпревари се на програмата вечерва.