По репрезентативната пауза, се враќаат возбудувањата на домашната, македонска фудбалска сцена. Претстојниот викенд на програмата се дуелите од 25-тото коло во Првата лига.

„Вечното“ скопско дерби меѓу поранешните шампиони Шкупи и Вардар ќе се игра во сабота како и дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш ќе го пречека Силекс.

Останатите натпревари од оваа рунда на програмата се во недела, а сите натпревари ќе се играат во терминот од 15 часот.

ПРВА ЛИГА 25.КОЛО
сабота (15 часот)

ШКУПИ – ВАРДАР
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
недела
СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore