Последното македонско дерби во АБА2 кошаркарската лига ќе се игра вечерва. Во Широки Бријег каде се одржува последниот турнир од лигашки дел ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.

Македонскиот првак МЗТ веќе го има обезбедено пласманот во плејофот, за разлика од ТФТ кој нема шанси за тоа.

Аеродромци ќе се обидат во завршните три натпревари да стигнат до нови победи со кои ќе го подобрат пласманот и ќе бидат во поповолна ситуација пред разигрувањето.

На тимот од Тафталиџе му останува да се бори за да ги избегне последните две позиции на табелата.

Пред десет дена, МЗТ и ТФТ одиграа дуел во домашниот шампионат, а убедлива победа оствари шампонот со 22 поени разлика.

Вечерашниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и ТФТ ќе се игра во терминот од 21 часот.