Кошаркарите на Партизан се пласираа во големото финале на АБА лигата по вечерашниот триумф над Црвена Звезда со 89-78.

Партизан како гостин во салата „Александар Николиќ“ славеше над лутиот ривал и ја заврши полуфиналната серија со максимални 2-0 во победи. Црно-белите ја контролираа играта во поголемиот дел од мечот и заслужено се изборија за победата. Најефикасен кај победникот беше Бруно Фернандо со 19, Остроивски постигна 17, а Браун натпреварот го заврши со 16 поени.

Со овој пораз, актуелниот шампион Црвена Звезда ја заврши својата одбрана на трофејот во регионалното натпреварување.

Партизан во финалната серија за шампионската титула го чека подобриот од дуелот меѓу Дубаи и Будуќност. Таму тимот на Дубаи има предност од 1:0 во победи откако денеска во првиот меч славеше со 104-90.