Актуелниот македонски вицешампион ТФТ не успеа да избори мајсторка во баражот со Борац.
Во реванш натпреварот одиграно вечер во Скопје, српската екипа славеше убедливо со 65-97 и со 2:0 во победи, повторно избори настап во прволигашката АБА конкуренција.
Гостите триумфот го најавија уште од самиот старт, почнувајќи го мечот со 13 неодговорени поени (0-13). Веќе на првата пауза Борец имаше предност од 14-24. Иако во вториот период ТФТ дојде и само на минус 6, сепак до крајот на полувремето тимот од Чачак повторно имаше убедливо предност 35-52.
Уште по првото полувреме беше јасно дека, скопскиот тим нема сили да му се спротивстави на расположението и силен тим на Борац. Второто полувреме беше само чиста формалност, па на крајот гостите славеа со конечни 32 поени разлика.

Иако не успеа да дојде до елитната АБА конкуренција, екипата на ТФТ остави одличен впечаток сезонава. Сега составот од Тафталиџе ќе треба да се насочи кон завршни домашното првенство. ТФТ го чека тешка задача во дуелот со дебитантот Маџари, противникот во полуфиналето на плејофот. Тоа особено, по поразот во првиот меч на домашен терен, па во следниот на гости, ТФТ нема друга опција освен победа. Само така екипата од Тафталиџе може да се надева на ново финале и нов настап во АБА2.
Дуелот меѓу Маџари и ТФТ ќе се игра веќе во среда.






























