Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија втор ден е собрана во Анталија, каде ќе одигра контролни натпревари против Молдавија и Црна Гора.

Овие натпревари се дел од подготовките за пристојниот циклуси во Лигата на Нациите кој стартува во септември.

Голгетерот на шкотскиот Абердин, Бојан Миовски вели дека вакви квалитетни противници се неопходни, за што поподготвени да ги дочекаме есенските дуели.

Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“.

„Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус.

Секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже“.

Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ќе се играат на 22 и 25 март.