Екипата на Дубаи е втората надвор од екс-ју просторите која го освои трофејот наменет за шампионот во кошаркарската АБА лига.
Ова е епилогот по вечерва одиграниот натпревар во Белград, инаку четврти во финалето. Во него. кошаркарите на Дубаи го совладаа Партизан со 81-83 и ја затворија серијата со 3:1 во победи.
Во текот на сите четириесет минути се играше израмнето. Двата тима честопати се менуваа во водството, но ниту еден тим не создаде двоцифрена предност. Во финишот се играше кос-за-кош. Реализираните слободни фрлања на екс-партизановецот Аврамовиќ на 14.секунди до крајот пресудија., Партизан имаше напад за продолжение, но Карлик Џонс не погоди.
Така Дубаи го симна од тронот црно-белииот тим од Белград и по Макаби Тел Авив стана вториот тим надвор од регионот што ја освои шампионската титула.































