Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во финалето на ИТФ турнирот во Аламинос, Кипар.

Ѓорческа не успеа да стигне до трофејот откако во финалниот меч беше поразена од петта носителка на турнирот Ќириќ Багариќ.

Хрватската тенисерка ги доби двата сета 2:0. Во првиот и препушти само два гема на нашата тенисерка (6-2), која во вториот освои еден повеќе (6-3).

За Ѓорческа ова беше прво финале во 2024 година, а вкупно 34-то во поединечна конкуренција во која има освоено 13 трофеи.

Тетовката следната недела ќе настапува на нов турнир во Аламинос.