Екипата на Јувентус одново ги разочара своите навивачи и полека ја губи трката со водечкиот Интер. 

Во натпревар од 29-тото коло од Серија А, Јувентус пред своите симпатизери одигра за заборав 0-0 против Џенова.

Иако во првиот дел домаќините постојано притискаа кон голот на гостите, сето тоа беше јалово и без ефект.

Во второто полувреме домашниот тим напаѓаше и беше решен да постигне гол, но гостите од Џенова успешно ги одбиваа сите напади на ,,старата дама,,

Во судиското продолжение Душан Влаховиќ успеа да добие два жолти картони, првиот поради прекршок, вториот поради приговор.

Па така нема да настапи на дербито против Лацио во следното коло на Олимпико во Рим.

Јувентус со 59 бода е на третото место на табелата со ист број на бодови со Милан кој има меч помалку.

Кризата кај тимот од Торино продолжува да трае. Имаат само една победа на последните седум натпревари во Серија А.

Standings provided by Sofascore