Со натпреварот во кој Работнички ќе ja Струга ТЛ, а ќе се игра попладнево, ќе биде комплетирано 24.коло во ПМФЛ.

На двата тима бодовите им се неопходни.

Домаќинот Работнички е во долниот дел на табелата со само бод повеќе од Вардар кој е во „опасната зона“. Популарните „романтичари“ играат променливо, а на последните четири натпревари освоија само три бода и претрпеа три порази.

Актуелниот првак Струга Трим Лум е на врвот на табелата со идентични 48 бодови како и Шкупи, а три повеќе од Шкендија. Стружани на претходните два натпревари остварија победи, па сега ќе ја бркаат и третата. Воедно шампионот ќе се обиде да ги искористи „киксовите“ на конкурентите кои на вчерашните натпревари одиграа „реми“ и освоија само по еден бод.

Дуелот Работнички – Струга ТЛ, ќе се игра на арената „Тодор Проевски“, а ќе почне од 15 часот.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА – 24.КОЛО
недела (15 часот)

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ пренос МРТ-3 (линк)
одиграно вчера
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 0-0

Standings provided by Sofascore