Македонската „пресметка“ во кошаркарската ВТБ лига, повторно му припадна на Ненад Димитриевиќ.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го предводеше својот тим Уникс Казан до нова победа над московска ЦСКА на чие чело е тренерот тренер Емил Рајковиќ.

Во натпревар од 29.коло Уникс како гостин во Москва ја победи ЦСКА со 84-78. Нено одигра уште еден брилијантен натпревар кој го заврши со вкупно 38 поени. Кога беше најпотребно во последната четвртина Димитријевиќ реализира 19 поени.

Неверојатниот настап Нено го заврши со само едни промашување од игра (8/8 за два, 4/5 за три поени).

Потсетување дека пред само месец дена Димитријевиќ беше најдобриот поединец во претходната пресметка на Уникс и ЦСКА.

Уникс сега е осамен на врвот на табелата со „скор“ 23-6 (победи-порази), а има една победа повеќе од ЦСКА за која ова беше четвртиот пораз во низа.