Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварците го добија реванш осминафиналниот натпревар со Лацио со 3:0 и ја анулираа негативата (0:1) од дуелот во Рим.

Домаќините тргнаа офанзивно и создадоа неколку шанси во воведниот половина час. Сепак првата голема шанса ја имаше Лацио. Во 37,минута Имобиле од непосредна близина, непречен од никој биеше крај голот на Ноер.

Затоа на спротивната страна следуваше казна. Во 38.минута Хари Кејн погоди за водство од 1:0. Две минути подоцна се ударот на Мусиала заври малку крај голот.
Во втората минута од судиското дополнение по волејот на Де Лигт, топката ја зафати Томас Милен за водство на Баварците од 2:0.

Во вториот дел, односно 65.минута Кеј повторно се запиша во листата на стрелци. По ударот на Сане голманот Повидел одбрани, но на кратко одбиената топка налета Кејн. Со својот втор гол на мечот, а шести сезонава во Лигата на шампиони, Англичанецот донесе предност од 3:0. И Томас Милер имаше шанса за втор гол но неговиот удар во 71.минута, го зафати Привидел, па заврши во стативата.

Така Баерн во последните 13 сезони по 12-ти пат е меѓу осумте најдобри. Единствено тоа не им успеа во 2019 година.

Покрај Баерн, вечерва пласман во четвртфиналето обезбеди и ПСЖ кој втор пат беше подобар од шпанскиот Сосиедад со 2:1.