Италијанскиот мотоциклист и светскиот шампион во кралската класа, Франческо Бања останува во тимот на Дукати.

Тој стави потпис на нов договор според кој ќе остане во редовите на италијанскиот тим најмалку до крајот на 2026 година.

Бањаја имаше договор со Дукати кој му истекуваше на крајот од оваа сезона. Сепак на четири дена од стартот на новиот Мото ГП шампионат конечно стигна потврдата.

Тој во 2022 година на тимот на Дукати му ја донесе првата титула по 15 години, кога шампион стана Кејси Стонер.

Минатата 2023 успеа да ја одбрани титулата во најсилната класа и стана трикратен светски првак.

Со две титули во кралската класа и една во Мото 2, Бањаја е втор најтрофеен возач во најсилната категорија.

Само Марк Маркез кој од оваа сезона ќе вози со неговиот брат во друг ти има повеќе титули од Бањаја. Маркез има осум титули, од кои шест во кралската класа.