Македонската ракометна репрезентативка, Сара Стефановска ќе го има својот прв интернационален предизвик.

Таа потпиша за тимот на ЖОРК Јагодина. Екипата на Јагодина моментално се наоѓа на првата позиција на табелата во Србија.

Сара долг период беше дел од женската екипа на Вардар каде се покажа како една од клучните играчи во тимот. На завршниот турнир од Младинската лига на Македонија таа беше прогласена за МВП.

Стефановска беше дел од репрезентацијата на Македонија на Медитеранските игри во Оран, каде нашата репрезентација го освои 7.место. Таа со младинската репрезентација настапуваше на Европското првенство што се одржа претходната година во Романија.

Во неколку наврати Сара беше повикана и во сениорскиот состав на Македонија.

Првиот натпревар во дресот на Јагодина таа би требало да го одигра по репрезентативната пауза на мечот со Медицинар Шабац.

Ивона Кимовска