Како дел од подготовките за вториот дел од сезоната во домашното ракометно првенство, дел од екипите играат и контролни натпревари. Таков е случајот и со тимот на Алкалоид.

„Фармацевтите“ од Автокоманда се подготвуваат во Стара Пазова, каде попладнево го одиграа вториот контролен натпревар против хрватскиот вицешампион Нексе.

Откако вчера, во првиот меч, Алкалоид славеше победа (29-27), денеска Нексе беше подобар со гол разлика (29-30).

Марко Митев со седум гола беше најефикасен во таборот на Алкалоид, за кој Младеновиќ постигна четири, а Серафимов, Бинго, Савревски и Ѓоргиев по три гола.

Вториот дел од сезоната, односно Суперлигашката плејоф конкуренција почнува викендот на 11 и 12 ферари.

Посетување дека, избраниците на Лазаров се единствените кои првиот дел од сезоната го заврши со максимален број на победи.