Алексанер Зверев е последниот четврти тенисер шѕо обезбеди пласман во полуфиналето на Гред слемот во Мелбурн.

Германецот во последното четвртфинале на Австралија опен го елиминира вториот светски тенисер Карлос Алкараз.

Премногу лесно и за нешто повеќе од 3 часа, Зверев го доби мечот со 3-1 во сетови.

Шпанецот ги „преспа“ првите два сета кои Зверев ги доби со 6-1 и 6-1. Се „разбуди“ Алкараз во третиот, но и него го доби тешко во тај-брејкот со 7-2 на поени. Беше предоцна бидејќи Зверев и во четвртиот одигра одлично па го доби и тој сет со 6-4.

Така Германецот го обезбеди својот настап во полуфиналето во кое за противник ќе го има Русинот, Данил Медведев.

Во првото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.