Олимпискиот шампион Франција е третата репрезентација која обезбеди полуфинале на Европскиот ракометен шампионат во Германија.

Французите потешко од очекуваното ја совладаа Австрија со 33-28 и го обезбедија првото место во четвртфиналната група 1.

Со оваа победа Франција сега има максимални 8 бодови што е недостижно за конкурентите.

Австријците останаа на 4 колку што има и Унгарија која вечерва игра со Германија која пак е четврта со бод помалку.

Овие три селекции остануваат во трка за второто место, за кое шансите ги загубија Хрватите кои денеска загубија од Исланд.