Како што беше најавувано и претходно, годинава нема да биде изборна само на политичката сцена во Македонија. Избори ќе има и на спортски план во нашата држава.

Првиот ќе се одржи на 8 февруари за кога е закажано Редовно Изборно собрание на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК).

Ова денеска, во форма на соопштение, го потврдија од македонската куќа на Олимпизмот.

Воедно објавени се и критериумите, според кои може да се влезе во потесниот избор за функцијата Претседател на МОК.

Меѓу нив предвидено е кандидатот да биде најмалку полни 4 (четири) години на функцијата Претседател на Националната спортска федерација од Олимписките спортови.

Кандидатурите за Претседател треба да бидат доставени најдоцна седум (7) дена пред денот на изборите.

Изборното собрание ќе се одржи во Конгресната сала во СЦ „Јане Сандански“ на 8 февруари со почеток во 18 часот.

Дневниот ред за Изборното собрание на МОК може да го прочитате овде (линк).

Критериумите за кандидатура за Претседател на МОК може да ги видите овде (линк).