Дуелот во кошаркарската АБА лига, меѓу Партизан и Мега ќе мине пред се во сеќањање на трагично починатиот Милоевиќ Дејан.

Српскиот тренер кој недамна почина во срцев удар, беше дел од двете екипи.

Милоевиќ долго време го носеше дресот на Партизан, а најуспешните денови во тренерската кариера ги имаше во екипата на Мега Баскет.

Речиси пет минути пред почетокот на натпреварот во преполната белградска арена траеше скандирањето на неговото име.