Светскиот шампион Данска и европскиот Шведска се првите патници во полуфиналето на Европското првенство во Германија.

Данците на убедлив начин вечерва ја совладаа Норвешка со 29-23 и на коло до крајот на втората фаза го обезбедија првото место во групата 2.

Со оваа победа Данците му завршија работа и актуелниот европски првак Шведска. „Викинзите“ со убедливата победа над Португалците денеска, го осигура второто место на табелата.

Швеѓаните имаат два бода повеќе од конкурентите Словенија и Португалија кои ги совладаа во меѓусебните дуели.

Во последното коло закажано за во вторник само ќе се решава кој ќе биде редоследот на табелата од 3 до 6 место.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (мажи) Група 2 – 3.коло
СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА 37-34
ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА 40-33
НОРВЕШКА – ДАНСКА

ТАБЕЛА
1 ДАНСКА 8 бодови
2 ШВЕДСКА 6
3 СЛОВЕНИЈА 4
4 ПОРТУГАЛИЈА 4
5 НОРВЕШКА 4
6 ХОЛАНДИЈА 0