Кошаркарите на Охрид се израдуваа на третата победа сезонава во Првата лига.

Вечерва пред своите симпатизер тие го совладаа гевгелиски Кожув со 74:72.

Имаа постојано водство, кое со напорна работа, во текот на сите 40.минути го претворија во многу важен триумф.

Во доста израмнетиот натпревар победникот беше решен во самиот финиш, а Ибраими погоди едно слободно фрлање што се покажа како доволно за минимална победа.

Андерсон и Димовски реализираа по 16 поени, Ибраими помогна со 13 поени, а Лајонс додаде 11.

На другата страна пак, без ефект останаа оние 21 поени од ветеранот Караџовски (пет тројки).

По оваа победа Охрид сега е на 10-тото место на табелата со ист „скор“ Кежуф пред нив и Вардар на 11-тата позиција. Последна е екипата на Академија ФМП која во овие моменти го игра својот меч против Феникс.