Јувентус го совлада Лече со убедливи 3:0 на гостински терен.

Душан Влаховиќ со нови два гола вечерва (11) му се приближува на Лаутаро Мартинез (18) на врвот на табелата за најдобри стрелци во Серија А.

Мирни 45 минути на „Виа дел Маре“ без поголеми прилики за погодок одиграа Лече и Јувентус.

Душан Влаховиќ му донесе водство на Јувентус од 1:0 во 59-та минута. А, 9 минути подоцна српскиот репрезентативец зголеми и на 2:0 за „старата дама“.

Конечните 3:0 ги постави столбот во одбраната на Јувентус, Бремен, во 85-тата минута по асистенција на младиот Илинг.