Втората рунда на тенискиот Гренд слем, Австралија опен кај дамите донесе големо изненадување.

Младата руска тенисерка Мира Андреева се погрижи за тоа. 16-годишна Андреева која и изминатото лето на Вимблдон и УС Опен покажа дека голем талент, тоа го прави и во Мелбурн.

Андреева славеше убедлива победа во два сета против 6-тата носителка Онс Жабер и тоа добивајќи го првиот сет со 6-0, а вториот со 6-2.

Од останатите досега завршени мечеви.

Бранителката на трофејот и втора носителка Арина Сабаленка со 6-3 и 6-2, ја совлада Фрухитова од Чешка.

И шампионската од Њу Јорк, Коко Гаф ја доби американската пресметка со Керолин Долхајд со 7-6 и 6-2.