Женската јуниорска репрезентација на Македонија, за одбојкарки до 18 години, денеска го почнува настапот во квалификациите за Европските шампионат 2024-та.

Младите македонски одбојкарки се во Софија каде се игра еден од петте квалификациски турнири.

Македонските јуниорки за противнички во А групата ќе ги имаат врсничките од Србија и Турција.

Во првиот меч што на програмата е денеска од 15 часот нашите одбојкарки ќе играат против Турција.

Потсетување дека изминатото лето оваа генерација настапи на Балканијадата за одбојкарки до 17 години.

Настапот на македонските одбојкарки во евро-квалификациите, како и сите актуелности, можете да ги следите и ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.