Дека не случајно репрезентацијата на Фарските Острови е дел од Европскиот шампионат потврди нивната вечерашна игра со Норвешка. 

Во супер драматичен натпревар во Берлин, ракометарите на Фарските Острови одиграа 26-26 против фаворизираните Норвежани. Голема борба водеа дебитантите на ЕУРО, беа пред пораз, губеа со три разлика на минута до крајот, но…. 

Фанатичната борба им донесе голем бод со кој остануваат во игра за едно од двете места што водат во главната фаза. За тоа ракометарите на Фарските Острови во последното коло ќе мора да ја победат полска, а Словенија да не загуби од Норвешка. 

Другите две скандинавски селекции ја оправдаа фаворитската улога во натпреварите од 2,коло на Европскиот шампионат.

Актуелниот европски првак Шведска ја демолира Грузија, а светскиот шампион Данска славеше  убедливо над Грција.

Така Шведска и Данска им се придружија на Словенија, Холандија и Португалија веќе обезбедија пласман во главната фаза на Европскиот шампионат.

Така во третото коло закажано за во понеделник покрај тоа што ќе решаваат за последниот патник (од овие три групи) ќе решава и за првото место, но и бодовите кои се пренесуваат во следната фаза.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – 2.КОЛО
(Берлин) Д група
НОРВЕШКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 26-26
СЛОВЕНИЈА – ПОЛСКА 32-23
(Мајнхајм) Е група
ШВЕДСКА – ГРУЗИЈА 42-26
ХОЛАНДИЈА – БИХ 36-20
(Минхен) Ф група
ДАНСКА – ГРЦИЈА 40-28
ПОРТУГАЛИЈА – ЧЕШКА 30-27