Голема победа за враќање кон врвот на Премиер лигата оствари првакот Манчестер Сити со победата над Њукасл од 3:2 на гости, а решавачкиот гол во судиското надополнување на вториот дел (90+1) минута го постигна резервистот Оскар Боб на асистенција на уште еден резервист Кевин Де Бриун.

Претходно Њукасл имаше водство од 2:1, но резултатот го отворија гостите со погодокот на Бернардо Силва во 26.минута.

Домашниот тим со двата брзи гола дојде до водство од 2:1. Прво Александер Исак во 35.минута изедначи на 1:1, а две минути подоцна Ентони Гордон донесе водство од 2:1.

Пет минути откако влезе во игра во 74.минута Кевин де Бруин со прецизен удар изедначи на 2:2, а победата ја донесе Боб.

Триумфот на Манчестер Сити е уште позначаен бидејќи во 8.минута поради повреда беше заменет голманот Едерсон.

Манчестер Сити се проби на втората позиција на табелата со 43 бода или два помалку од лидерот Ливерпул.