Екипата на Интер лесно стигна до трите бодови на гостувањето кај Монца.

Во натпреварот од 20.коло на Серија А, гостите од Милано славеа со 5-1.

Прашањето на победникот беше јасен уште по 14 минути игра кога Интер со два брзи гола веќе имаше водтсво од 2-0.

Во 12-тата минута Чанханоглу од пенал го отвори резултатот, а во 14-тата Лаутаро Мартинез зголеми на 2-0.

Домаќините во 30-тата минута постигнаа гол преку капитенот Песина, но по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме уште четири гола. Со својот втор погодок Чанханоглу во 60-тата минута зголеми на 3-1. Осум минути подоцна Пенисана од пенал намали на 1-3.

И Лаутаро Мартинез (84 пенал) втор пат се впиша во листата на стрелците за 4-1, а конечните 5-1 за Интер ги постави Тура, (88)

Со оваа победа Интер повторно ја зголеми предноста на шест бодови во однос на второ пласираниот Јувентус. Тимот од Милано сега има 51, а „Старата дама“ 46, но Јуве дури во вторник ќе го одигра својот меч од оваа рунда.