Домаќинот Германија е следниот противник на Македонија на еврипскиот шампионат.  Германците во првата рунда покажаа вистинска моќ совладувајќи ја Швајцарија со 13 голови разлика.

„Панцирните“ важат за фаворити и на утрешниот меч со Македонија, на ко сигурно ќе имаат и огромна поддршка од трибините.

Германскиот чувар на голот Дејвид Спет смета дека дуелот со Македонија е од исклучителна важност. 

„Тие се многу сериозен тим, но ние мораме да го подготвиме тој натпревар многу сериозно како и првиот.

Знаеме дека победата ќе не испрати во главната рунда, но сакаме да победуваме на секој натпревар“,

изјави Спет.

Утрешниот дуел меѓу Македонија и Германија ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.